Македонија
16. April 2017 - 12:35

Драстичен пад на температурите и снег: Шок временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, попладне на повеќе места нестабилно со поројни врнежи од дожд (локално над 25л/м2) и појава на грмежи. Ќе дува умерен југозападен, а кон крајот на денот и ноќта засилен северен ветер.

Температурата ќе се движи од 11 до 24 степени. 

Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне на повеќе места нестабилно со поројни врнежи од дожд. Ќе дува умерен југозападен, а кон крајот на денот и ноќта засилен северен ветер.

Температурата ќе достигне до 21 степени. 

Позначителна промена на времето ќе настапи од недела попладне и во вечерните часови, кога преку нашата земја ќе помине влажен бран од север кој ќе биде проследен со поројни врнежи од дожд и грмежи. На места се очекува да наврнат и над 25 л/м2 дожд, а на повиските места и снег. Од недела вечер ќе почне да дува засилен северен ветер, кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата. Во понеделник попладне ќе настапи разведрување, но ќе се задржи ветровито и посвежо.