Живот
16. December 2017 - 18:48

Драматична снимка која го обиколи светот: Висеше на 23. кат обидувајќи се да се спаси од пожарот во станот

Еден Кинез едвај усепа да извлече жива глава додека се обидуваше да побегне од пожар, висејќи од 23. кат на зграда.

Во неговиот стан се проширил огнот и тој немал каде, туку да излезе низ прозорецот.

За среќа на снимката се гледа како пожарникарите успеаја да го спасат човекот, извлекувајќи го низ прозорецот од зградата.

Мажот поради здобиените повреди е префрлен во болница. Овој настан, за среќа со среќен крај, се одигра пред три дена во Кина.