Балкан
23. October 2017 - 14:42

Драматична ноќ во Зеница: Момчиња заробени на покрив чекаа помош, вода им го поплави автомобилот!

Невремето кое минатата вечер ја погоди Зеница предизвика проблеми во сообаќајот и во угостителските објекти.

Обилниот дожд, проследен со силен ветер ги поплави зеничките сообраќајници. Така во недколку делови од градот, поради огромните количини вода, сообраќајот беше оневозможен.

Силниот ветар нанесе предизвика штета на неколку угостителски објекти, односно на нивните бавчи. Освен тоа летале и фасади од згради, контејнери, фрижидери пред продавнциите, а паѓале и гранки и имало откорнати дрвја.

Најкритично било на излезот од Зеница во улицата Штросмаерова каде скршено е огромно дрво и паднало на патот и така го блокирало сообраќајот и предизвикало штета врз автомобил.

Покрај тоа оштетена е и електроинсталацијата. Критично било на излезот од градот на магистралниот пат М-17, каде водата ги поплавила сообраќајниците.

За кое количество вода се работи најдобро сведочи податокот дека еден автомобил речиси целосно бил поплавен и блокиран во вода. Момчињата кои се наоѓале во возилото, се качиле на покривот додека да стигне помошта.

Засега не е познат прецизен податок за штетата предизвикана од невреме во Зеница.