Македонија
10. July 2017 - 13:38

Драма во животот на еден битолчанец - го грабнале и го претепале за 100 евра долг

Вчера, во 04,50 часот, во СВР-Битола, Н.Б.(31) од Битола, пријавил дека околу 02,30 часот, пред железничката станица-Битола, додека барал такси возило, со патничко моторно возило „Ауди А4“ застанал Т.М.(42) заедно со неговиот син В.М.(21) и братучед О.Н. и физички го нападнале, удирајќи го со тупаници и клоци.
 
Потоа В.М. извадил метална шипка и го удрил во пределот на телото, а О.Н. со закана со нож му рекол веднаш да влезе во возилото. Откако насилно го ставиле на задното седиште, се упатиле кон населба Баир кај Ш.Ш.(22). Додека се возеле, В.М. во неколку наврати го удирал со тупаници. Кога стигнале пред куќата на Ш.Ш, таткото и синот се степале со Ш.Ш., по што неговата сопруга повикала полиција. Кога Т.М. ги забележал полициските службеници, со пиштол му се заканил на Н.Б., дека ќе посегне по неговиот живот доколку го пријави случајот.
 
Откако полициските службеници прашале да не има проблем, Ш.Ш. и В.М. им одговориле дека нема, а останатите присутни кои седеле покрај куќата ништо не рекле, по што истите си заминале, а Т.М. насилно му ги одзел на Н.Б. двата мобилни телефони и си заминале.
 
Причина за грабнувањето е наводен долг од 100 евра за дрва што Н.Б. ги земал од таткото., а ги продавал заедно со Ш.Ш. По преземени мерки, од страна на полициски службеници лишени од слобода се таткото и синот, а повикан во Полициска станица бил и Ш.Ш. Против сторителите по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.