Македонија
26. November 2015 - 13:12

Драма во Тетово: Насилници претепале средношколци во автобус

Во Тетово на ул.„Илинденска“, кај автобуската постојка кај земјоделското училиште, вчера околу 12.30 часот  4-5 непознати лица со насилно отворање на една од вратите, влегле во автобус на „Башким Турс“ и со метални боксирачи ги нападнале учениците од Економско училиште во Тетово, И.И.(18) и М.Б.(19) двајцатаод село Боговиње.

Учениците, соопшти денеска МВР, се здобиле со повреди во пределот на лицето и главата, по што биле упатени во КЦ-Тетово, за укажување лекарска помош. 

Во врска со настанот приведен е Љ.Б.(18).