Македонија
31. July 2015 - 13:02

Драма во Тетово: Излегол да прошета - завршил во болница

Синоќа околу 20 часот и 30 минути на улицата Гоце Делчев во Тетово дошло до расправија помеѓу 31-годишниот Р.А. и 41-годишниот Ж.А. 
Бесниот Р.А. со употреба на дрвен стап физички го нападнал Ж.А. во пределот на главата и телото нанесувајќи му телесни повреди. Р.А. е приведен и со истиот е извршен разговор и целосното расчистување и документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок.