Македонија
14. August 2016 - 11:50

Драма во Стајковци: Жена испратена итно на Токсикологија, наместо сок испила отров

Во скопско Стајковци кое беше меѓу најпогодените населени места во минатонаделните поплави кога загинаа 22 лица, за малку е избегната уште една трагедија. Химанитарната помош која им се дели на загрозените жители, за малку ќе ја платеше со живот 36-годишната Рада Стојановска (36) која испила средство за чистење претурено во шише од сок, пишува српски Телеграф.

Нејзиното семејство вели дека хуманитарците не им рекле дека во шишето сок се наоѓа отров. Жената со силни болки во стомакот е итно префрлена на Клиника за токсикологија, а случајот го пријавиле во полиција.

Сопругот на Рада од хуманитарците зел кеса со леб и „сок“ и ја однел дома. Кога по напорната работа и чистењето на поплавената куќа, жедната жена го зела шишето и почнала да пие од „сокот“, почуствувала печење на јазикот и силни болки во стомакот.

-Ова е отров! извикнала, а кога и самата ја помирисала течноста во шишето почувствувала остар мирис на средство за чистење рѓа и загорени шпорети. Веднаш повикавме Итна помош и веднаш беше пренесена во болница, на Токсикологија, раскажува нејзината свекрва Злата Стојановска и додава дека вистинска среќа е што нејзините малолетни деца не се напиле од тој „сок“. Тогаш сигурно ќе дошло до трагедија.

Случајот е пријавен во полиција и дежурниот командир забележал дека на шишето од сокот со ситни букви е напишано „средство за чистење„.

На Токсикологија велат дека состојбата на Рада Стојановска е стабилно, но таа е задржана во болница заради дополнителни испитувања.