-->
-->
Драма во Ново Лисиче: Пожар во зграда, жителите заробени во своите станови
-->
Запалена цигара фрлена во влез во скопската населба Ново Лисиче предизвика пожар. Цигарата запали скутер кој бил паркиран во влезот на улицата „АСНОМ“ број 180.
Очевидец за КУРИР раскажува дека пожарот почнат на приземјето, почнал да се шири и на првиот кат и постоела опасност истиот да ги зафати и становите.
За среќа, пожарникарите стигнале навреме и спречиле поголема штета.
-Огнените јазли се стишени, но чадот е огромен проблем за граѓаните кои живеат во оваа зграда. Ние сме во паника, ги затворија сите влезните врати од своите домови. Ни рекоа да седиме дома заради густиот чад кој се крена по пожарот. Буквално сме заробени, а чадот ни влезе во становите, вели жител на опожарената зграда во изјава за КУРИР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка