Балкан
21. November 2017 - 14:42

Драма во Нови Сад: Семејство се заканува дека ќе скокне од тераса - Пред зградата полиција и Брза помош

Мирјана Јакшиќ од Нови Сад се забарикадирала со своето семејство во својот стан и се заканува дека ќе скокне од балкон доколку судскиот извршител не се откаже од иселувањето на неа и нејзиното семејство. 
 
Пред зградата има 15 полицски службеници, Брза помош и пожаникари кои за секој случај го активирале спасувачкиот душек за да спречат голема трагедија доколку Мирјана или некој од членовите на семејството се обиде да скокне од балконот.