Македонија
22. March 2017 - 19:19

Драма во Маврово: Тројца насилници нападнале британски велосипедист, едвај успеал да извлече жива глава

Основното јавно обвинителство - Гостивар координира интензивна потрага по лицата кои вчера нападнале британски државјанин на патот од одморалиштето Бунец кон Маврово. 

Како што соопшти, надлежен јавен обвинител земал изјава од оштетениот и издал наредби во насока на расветлување на настанот.

Британскиот велосипедист бил пресретнат и нападнат од три непознати лица кои, според неговиот исказ, го врзале и го внеле во возило и во исто време му ги одзеле платежните картички што ги поседувал. Искористувајќи момент кога бил сам, со еден од напаѓачите, британскиот државјанин се ослободил и на напаѓачот му задал неколку удари со нож што го имал во себе.

Откако избегал во блиската шума, преку социјалните мрежи ги алармирал родителите и пријателите.

Тие се обратиле до британската полиција која преку Британската амбасада во Скопје ја известила Полициската станица Гостивар, по што веднаш била иницирана потрага по него.

Оштетениот е пронајден во близина на каменоломот Пелагонија денеска во раните утрински часови.