Македонија
1. August 2015 - 14:42

Драма во Куманово: Им влегле дома и им приредиле хорор

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.З. (50), Х.З. (24) и И.З.(27) сите од селото Никуштак поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

Пријавените околу 10 часот во Куманово на улицата „Браќа Филиповиќ“ влегле во домот на Ќ.Ш. (47) при што првопријавениот физички ги нападнал оштетениот и неговата сопруга, а второ и трето пријавените со употреба на физичка сила и тврди предмети ја оштетиле куќата.