Балкан
17. October 2017 - 17:47

Драма во итната помош: Маж си пукал во глава, почина во болница

Во просториите на Заводот за итна медицинска помош на Кантонот Сараево денеска се одвиваше вистинска драма.

Постар маж денеска околу 16 часот изврши самоубиство пред лабораториската служба, со истрел од пиштол во глава. Како што потврдија од полицијата, несреќниот маж починал по доаѓањето на Клиничкиот центар Сараево.

-Она што досега го знаеме е дека мажот се обидел да изврши самоубиство. По пукањето е донесен во КЦС, каде за жал почина, соопштија од полицијата.

Полициски екипи извршија увид, како и дежурен обвинител по што деталите ќе бидат изнесени подоцна.