Македонија
16. July 2017 - 12:02

Драма во домот на охриѓанец: Стружанец им дошол на гости па починал

Синоќа во 22. 30 часот во Полициската станица во Охрид од страна на лекар од Медицинскиот Центар -Охрид, пријавено е дека во куќа на ул. “Гоце Делчев“ во Охрид, констатирана е смрт кај Ќ.Ф (62) од село Лабуништа-Струга.
 
Истиот бил на гости кај Б.Б (51) каде му се слошило и паднал на подот.
 
Увид е извршен од страна на увидна екипа при СВР-Охрид, а по наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција.