Драма во домот на Драгана Мирковиќ: Поради ова се повлекува од јавноста
Фолк ѕвездата Драгана Мирковиќ во наредните три недели се повлекува од јавноста од многу оправдана причина - за да биде со својот сопруг Тони кој наредните неколку дена ќе има хируршка интервенција на крвните садови.
-Операциајта на Тони е закажана во Виена на една од најдобрите европски клиники, а Драгана одлучи целото време пред и по зафатот да биде 24 часа со својот сопруг. Сите што ги познаваат, знаат дека Драгана и Тони се исклучително врзани, речиси никогаш не се разделуваат и беше очекувано во ваква ситуација таа да ги стави на страна своите обврски за да посвети на неговото брзо опоравување, вели извор близок до суперѕвездата, а информацијата за српски Курир ја потврди и Драгана.
-Моја желба и потреба е да бидам со Тони и своите деца во наредниот период и сигурна сум дека тоа секој ќе го разбере. Порди ова ќе испуштам две снимања на „Пинк ѕвезди“, како и премиерата на новиот дует со Даниел Ѓокиќ, но ќе има време кога тоа ќе го надоместам. Постојат моменти во животот кога приоритетите се јасни, а ова е еден од тие моменти. Ви благодарам на поддршката и разбирањето, уверени сме дека се ова ќе помине во најдобар ред, рече Драгана Мирковиќ.
Ново на Сител
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени