Македонија
20. March 2017 - 13:54

Драма во Чаир: Пијан скопјанец со секира се пресметувал пред жени и деца

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Џ.А. (37) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ за што од страна на Судија на претходна постапка одредени му е мерка „Одземена патна исправа“, „Да не се доближува до 100 метри“, „Да не го напушта Скопје“ и „ Да се јавува двапати месечно во суд“. 
 
На 12.03.2017 година околу 18.45 часот на ул. „376“ во Скопје, додека во домот биле присутни сопственикот А.А. (52), неговата невенчана сопруга Х.Б. (50) и нивните две ќерки Х.А. (30) со нејзините две малолетни деца и
С.А.(21) со нејзините три малолетни деца, влегол пријавениот во алкохолизирана состојба, држејки секира во раката, и без повод и причина удирал со секирата по прозорците и вратата.
 
А.А. се обидел да го задржи, но пријавениот веднаш му задал удар со секирата во пределот на главата.