Балкан
15. May 2017 - 13:28

Драма низ град: Пијан маж украде градски автобус па удри жена на велосипед и побегна

Полицијата во Белград уапси пијан маж (41) кој одзел празен автобус од градското сообраќајно претпријатие, возејќи удрил жена на велосипед, а потоа излегол од автобусот и побегнал.

-Со брза и ефикасна акција на припадницте на МВР во Белград е уапсен Н.Г. (41), кој синоќа во алкохолизирана состојба околу 19 часот на автобуска постројка на почетна станица на Палилула, одзел автобус на ГСП во кој немало патници, соопшти МВР:

Н.Г. потоа преку Панчевачкиот мост се упатил кон Крњача, каде кај земјоделското училиште „ПКБ“ удрил жена која возела велосипед, по што го запрел автобусот и побегнал.

Повредената жена е префрлена во Ургентниот центар.

Против Н.Г. ќе биде покренато соодветно обвинение.