-->
-->
Драма на тетовскиот универзитет: Професор се обидел да се самоубие во ходникот
-->
Триесет и три годишниот А.Ф. од Нераште, вчера во ходникот на Ректоратот во приземјето на Државниот тетовски универзитет, каде бил професор, во два наврати се обидел со жилет да ги пресече вените.
-Најпрво од секретарот на Универзитетот, а потоа и од лице од обезбедувањето бил спречен во намерата и му биле одземени жилетите, а тој воопшто не се повредил, по што бил внесен во канцеларијата на секретарот и подоцна бил пренесен во тетовската клиничка болница, информираат од СВР Тетово.
Полициски службеници на СВР Тетово го фотодокументирале местото, разговарале со А.Ф. и се работи на целосно расветлување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители
-
ДСЗИ констатира незаконско работење на Токсикологија – лица без договор за работа давале здравствени услуги