Балкан
19. јуни 2017 - 17:23

Драма на плажа во Сутоморе: Силен ветер сруши тобоган, деца молат за помош врескаат и плачат

Силниот ветер кој вчера дувал во Сутоморе срушил конструкција на воден тобоган кој се наоѓал на самата плажа, а според зборовите на очевидци повредени се неколку деца

Видео од овој инцидент објавено е на Фејсбук страницата Подгорички времеплов.

Како што тврди авторот на снимката во инцидентот повредени се пет деца.

- Децата имаа повреди на главите, рацете, нозете... Брука! Тобоганот не беше зацврстен. Две деца беа на врв од тобоганот и паднаа - вели авторот на снимката.

Набргу реагирал и татко на едно од дечињата кои биле повредени.

- Тобоганот е висок 10 метри. Ветерот го преврте како да е пердув. Моето деде беше на врв на тобоганот кога тоа се случи. Само што стигнав од болницата и уште сум под стрес - напишал таткото.