Драма на небото над Египет - Се урна руски патнички авион со 224 лица
Руски патнички авион, што утрово полета од летувалиштето Шарм ел Шејк за Санкт Петербург, се урна во централниот дел на Синај, потврди Канцеларијата на египетскиот премиер.
Формиран е кризен одбор кој треба да ги утври причините за несреќата.
Шефот на Управата за воздухопловни несреќи во Египет, Ајман ал Мукадам претходно соопшти дека авионот исчезнал од радарите и оти нема контакт со контролата на летање.
- На руската авиокомпанија им кажавме дека изгубивме контакт со авионот, но тој сигурно контактирал со турската контрола на летот и оти сега поминува низ турскиот воздушен простор, истакна Мукадам.
Руските воздухопловни власти соопштија дека во авионот има 224 патници и членови на екипажот, а радарскиот контакт е изгубен во воздушниот простор на Кипар.
Авион е Ербас А-321 на руската воздухопловна компанија „Когалимавија“.
Ново на Сител
-
Земјотрес во Грција со јачина од 5,7 степени
-
Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел
-
Куќен притвор од 48 часа за две лица поради убиството на лекарот во Железара
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо