Драма на автопатот Куманово - Скопје: Маскирани разбојници им го украле возилото и парите, па им го запалиле во нива во скопско
Вчера околу 20,00 часот, било пријавено дека на автопатот Куманово–Скопје, во с.Дељадровци, С.Ј.(58) и неговата сопруга Б.М.(43) додека се движеле со патнико возило “Рено Клио“ биле пресретнати и насилно застанати од друго возило во кое биле четири непознати, маскирани, лица вооружени со огнено оружје.
Непознатите лица насилно ги извадиле од нивното возило С.Ј. и Б.М., по што им го одзеле “рено клио-то“ и заминале во правец кон Скопје.
Според кажување на оштетените во возилото имало околу 4000 евра. Во 23,00 часот во ПС-Ѓорче Петров била добиена пријава од граѓанин дека на влез за с.Орман, скопско во нива имало пожар.
На местото на настанот пристигнала екипа од Бригадата за противпожарна заштита-Скопје и полициски службеници од ПС Ѓорче Петров и било затекнато возилото “Рено Клио“, целосно опожарено.
Увид извршила увидна екипа од СВР- Скопје. Се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо