Балкан
24. February 2017 - 17:55

Драма на автопат: Силниот ветар турна шлепер, невреме го зафати Балканот

На магистралниот пат М-5, Кључ- Бихаќ силниот ветар преврте шлепер, потврдија од МВР на Унскосавскиот кантон во БиХ.

-Поради силниот ветар дошло до превртување на товарно возило марка „Ман“. Со возилото управувал возачот Д.И. кој доаѓал од правец на Босански Петровец кон Бихаќ и поради неприлагодена брзина на патот се превртел на десна страна.

Возачот не е повреден, а причинета е материјална штета.