Балкан
13. September 2016 - 21:36

Драма на автопат: Се запали автобус во движење

Автобус на „Дринатранс“ се запали денеск во текот на возење, но патниците се навреме евакуирани и нема повредени.

Автобусот целосно изгорел, пренесе порталот Klix.ba.

Возилото со кое управувал Д.П. од Осмак, се запалило во 15.10 часот на магистралниот пат Зворник - Тузла, на Црн врв во општина Зворник.

Противпожарните екипи од Зворник го локализирале пожарот, а причините се уште се непознати.

Магистралниот пат бил затворен за сообраќај половина час, а увидот е во тек.