Балкан
22. January 2018 - 18:17

Драма на аеродромот Никола Тесла: Човек без никаков повод со шише си го пресече вратот пред очите на патниците

На белградскиот аеродром Никола Тесла денеска во 14:22 се случила вистинска драма,  кога маж Р.С (38) од чиста мира скршил шише и си нанел повреда на вратот пред очите на патниците. 
 
Според првите и неофицијални информации, тој е жив и состојбата му е стабилна бидејќи резот не бил длабок, а Брзата помош веднаш реагирала.
 
Тој е пренесен во Ургентниот центар, но за среќа станува збор само за мала исекотина, па немале потреба ни од реанимација, преенсува српски Курир. 
 
Како што тврдат очевидците, се  се случувало во секунда и како на филм, бидејќи мажот седел во кафулето и одеднаш го скршил шишето и си го пресекол вратот.