Балкан
20. October 2015 - 22:31

Драма: Извршители избркале пет деца на улица - Таткото се полил со бензин

Невработениот Драган Арсенијевиќ од Крагуевац, татко на пет малолетни деца, се полил вчера со бензин и се заканувал дека ќе се самозапали ако извршителите го иселат од неговата куќа. 

Таткото е однесен во болница, а децата и мајката се кај роднини. 

По првата драма, асистирала полицијата, пожарникарите и Итната помош, префрлен е на Психијатрија. Поради дол год 4.600 евра останал без куќа која вреди 40.000 евра. 

Неговата сопруга Сања од вчера е на улица заедно со децата. 

- Се започна кога мојот свекор почина. Тргуваше со стока, Се појавуваа луѓе кои ни бараа пари. Се продадовме, два автомобили и останатиот имот кој го имавме. Но долгот не можевме да го подмириме. Куќата која е на прадедото на мојот сопруг два пати беше на лицитација, никој не се појави, а потоа дојдоа извршителите на врата, раскажува низ солзи Сања.