Џет-Сет
21. October 2017 - 21:36

Драгана искрено проговори за најтешките моменти во нејзиниот живот: Беше страшно, почнав да губам надеж!

Драгана Мирковиќ откри детали од својот приватен живот за кои досега никогаш не зборувала.

-Признавам бев многу тажна, имав се, а се чувствував дека немам ништо, рече пејачката за овој тежок период од нејзиниот живот. Во еден момент мислев дека нема да најдам идеален партнер за себе.

-Тогаш имав полни 30 години, а таа личност не се појави пред мене. Тоа за мене беше страшно, почнав да губам надеж дека таква личност слична на мене воопшто ќе се појави, рече Драгана во една емисија, зборувајќи за периодот пред да го запознае сегашниот сопруг Тони Бијелиќ.