Македонија
22. јуни 2017 - 16:41

ДПМ бара преиспитување на лектирите за основно и средно образование

Министерството за образование да ангажира независни експерти кои ќе ги анализираат лектирите во основното и средно образование бара друштвото на писатели на Македонија. Според нив дел од лектирите кои се наменети за учениците не кореспондираат со вистинските потреби на образовниот процес, интересирањата, нивото и сензибилитетот на новите генерации. Од ДПМ велат потребно е да се направи анализа на лектирите   според  естетски и педагошки параметри. Не смее да се импровизира на  овој план бидејќи несоодветниот избор на дела може да се одрази во непредвидливи и далекусежни последици.

Веле Смилевски претседател на Друштво на писатели на Македонија Лектирата е во самата основа на формирањето на личноста, им се препорачува на учениците и тие со доверба треба да и се препуштат за да станат побогати во сознанијата за животот преку уметноста на пишаниот збор. Оттука, одговорноста на оние што ќе одлучуваат која и каква лектира ќе им биде препорачана на учениците е огромна.- Во сегашната конфузна и недефинирана ситуација, дел од наставниците го користат правото официјалните списоци на лектири да ги надополнуваат со свои предлози на наслови.

Според дел од писателите исклучително важен е и соодносот на домашната и светската литература, жанровите, трендовите и издавачките куќи. Учениците денес не сакаат да читаат од  интернет наоѓаат прераскажани дела за да поминат полесно на училиште. Писателите сметаат дека наместо љубов, во последниве неколку години токму од несоодветни лектири се создава одбивност за читање кај новите генерации.

Од министерзството за образование ја поздравија иницијативата и  се согласуваат дека треба да се ревидира списокот на лектири. 

Голем недостаток е и тоа што нема преводи на делата на македонските писатели на јазиците на националностите и обратно. Доколку се регулираат овие елементи нема да постојат т.н диви изданија кои се нудат како лектирни а ќе се сведе на минимум и евентуалната ситуација на монополи во оваа сфера.