Македонија
15. October 2015 - 15:22

ДПА: Политичкиот дијалог да продолжи

Демократската патија на Албанците дава целосна поддршка на договорот од 2 јуни и 15 јули, како и на дијалогот во работните групи, соопшти денеска партиската прес-служба.

- Апелираме што е можно поскоро да се надминат разликите меѓу Специјалниот обвинител и Советот на јавни обвинители. Во исто време очекуваме со сериозна посветеност да продолжи дијалогот за меѓуетничките односи, и за процесот на интеграција на земјата во НАТО и во ЕУ, се наведува во соопштението од ДПА.