Македонија
10. February 2016 - 20:46

Доживотен затвор за убиецот на полицаецот кај ПМФ

Судот му одреди доживотна казна затвор на за Алмир Дрпљанин обвинет за убиство на полицаецот Африм Арифи. Дрпљанин е еден од тројцата кои 2008та кај ПМФ  нападнаа тим на алфите. На обвинетиот му се судеше во отсуство но по неговата екстрадиција предметот беше повторно вратен во суд. Во земјава беше екстрадиран од косовскиот затвор минатата година.

Тој заедно со  Ќерим Реџаил, Исмаили Агил и уште двајца до сега непознати сторители во 2008ма на паркингот кај факултетот од возило голф испукале 70 куршуми кон полицискиот автомобил.   За Арифи куршумите беа смртоносни, другите двајца негови  колеги останаа трајни инвалиди.

Според еден од сведоците, Дрпљанин купил од него регистерски таблички, за кои полицијат тогаш утврди дека биле монтирани на голфот од кој било пукано. Алмир Дрпљанин важи за еден од најбараните криминалци и се поврзува со убиствто од крвна одмазда во Визбегово пред повеќе години. Тој се сомничи и за грабежи на Прокредит банка и  Комерцијална банка. Претходно доби 8 години затвор за разбојништво врз комбе на Македонски пошти во Чаир.