Живот
22. August 2017 - 16:11

Доживеала шок кај гинекологот: Сакал само едно бебе, а потоа ја дознала неверојатната вест

 

 

Кортни Волдроп доживеала шок кога отишла на преглед кај гинеколог.

Оваа храбра жена од САД веќе имала три деца, син (8) и петгодишни близнаци кога таа и нејзиниот сопруг Ерик одлучиле уште еднаш да станат родители со ин витро оплодување.

Она за што не сонувале е дека наместо едно или две бебиња во стомакот ќе носи шест. Имено, кога била на ултразвук за да се види колку фетуси се фатиле, излегло дека има дури шест.

-Бев денеска на преглед. Сите бебиња растат како луди, а со нив и мојот стомак. Во овој момент сум загрижена дали ќе можам да внесам огромно количество калории за да бидат бебињата здрави. Ве молам, молете се апетитот да ми биде добар и да јадам како никогаш досега. Одлучна сум да успеам во тоа, напиша Кортни на Фејсбук.

Кортни која е во 13 недела од бременоста додава: „Ви благодарам на молитвата. Потребна ни е, знаеме дека најтешките денови доаѓаат. Но, секој пат кога ќе ги видам на ултразвук се сеќаваме дека нивните животи навистина се чудо. Се молам постојано бебињата во стомакот да продолжат да растат како до сега за да можам да ги носам до крајот на бременоста“.

Лекарите велат дека би било добро бебињата во стомакот да останат до 28 недела од бременоста. Кортни постојано е под надзор на лекарите од болницата Хантсвил кои признаваат дека со сега немале случај на шесторка.

Кортни и Ерик заедно се од средно училиште, јавува Фокс Њузс.