Македонија
25. September 2015 - 23:45

Дождот повторно проблем во Тетово

Ноќешните врнежи од дожд донесоа нови проблемите во тетовска Шипковица каде поради ново свлечиште на земја се урна дел од потпорен ѕид.   Свлечиште од земја и камења на неколку часа ја блокираше главната улица низ Шипковица која води кон погорните шарпланински села. 
 
Патот во текот на претпладне е расчистен, а ѕидот ќе се гради повторно. 
 
Во невремето од трети август, поради свлечишта шест лица го изгубија животот во реоното на Шипковица.