Ф1
2. September 2017 - 17:31

Дождот ги пролонгира квалификациите за италијанското Гранд при

 
Обилните и долготрајни врнежи на дожд се главната причина поради која се пролонгираат квалификациите за италијанското Гранд при. 
 
Иако требаше да завршат пред повеќе од 90 минути, сепак денешните квалификации за пол-позицијата за Големата награда на Италија која ќе се вози на патеката во Монца сеуште не се завршени. 
 
Стартуваа навреме, а беа извозени само 6 минути од првата квалификациска сесија, по која возачот на Хас, Роман Грожан излета на стартно-целната рамнина иако оствари трето најбрзо време. Тој двапати загуби контрола на болидот, пред да удри во ѕидот.
 
Организаторов реши да ја прекина квалификациската сесија, но дождот и натаму ги прави тешки за возење условите на патеката во Монца, па засега продолжувањето на квалификациите е неизвесно. 
 
Доколку времето не дозволи одржување на квалификациите денеска, тие ќе се возат утре пред стартот на 13-тата трката во годинашниот шампионат на Формула 1.