Интернет
17. February 2016 - 19:47

Доволно е само едено кликнување: ако го закачите овој вирус, ќе останете без својот телефон!

Нов вирус претставува закана за технологијата. Се работи за Мазар кој се шири по пат на СМС пораки во мобилните телефони. Најголема закана претставува за телефоните кои имаат Андроид.

Овој вирус ако се инсталира на телефонот, може да избрише се од него, па дури и да праќа пораки и да повикува телефонски броеви. Оовј вирус кој претставува голема закана го открија стручњаци од Данска, со оглед на тоа дека порака била испратена на повеќе од стотина броеви. Пораките ги примиле голем број лица од земјите низ Европа.

Дури и да добиете порака, која претежно е на руски, нема да имате проблем ако не го инсталирате тоа што се бара од вас. Немојте да отварате линкови од меилот, Фејсбук, Твитер, , Вибер, и другите средства за комуникација, ако доаѓаат од непозната личност и ви се чинат сомнителни.

Стручњак за Би-Би-Си коментира дека оваа порака кога ќе ја отворите може да направи голема штета, може да праќа пораки и да врти на броеви, да направи голема сметка, да направи трансакции и слично. Исто така, вирусот може и да ви ги избрише сите податоци од телефонот.

Внимавајте - се што е од непознат број не го инсталирајте и не го отварајте!