Балкан
20. April 2016 - 15:07

Доведете го убиецот кај каналот ние да му пресудиме: Страв и бес по убиството на Јелена

Жителите на Црвенка кои живеат покрај каналот каде е пронајдена Јелена, велат дека откако се случило убиството никој веќе не трча, ниту пак се шета покрај каналот. Велат дека едвај чекаат да се пронајде убиецот, и дека би сакале народот да му пресуди.
 
- Него би требало да го доведете овде, баш на местото каде е Јелена пронајдена и ние  да му пресудиме. Секој кој би направил такво нешто на жена, на ист начин би требало да му се врати. Она што со сигурност го знаеме дека не би го направил некој од Црвенка, ги знаеме луѓето овде, рекол еден од жителите на населбата.