Македонија
17. May 2016 - 16:29

Досие: Кој и за што му ги дал прислушуваните разговори на Божиновски?!

Зоран Божиновски самопрогласениот новинар, прислушуваните разговори кои ги споделуваше  на фејсбук ги добил од сопругот на техничката министерка Фросина Ременски, пишува Вечер.

-Јовче Ременски висок полициски функционер му ги дал лично на рака дел од разговорите, останатиот дел му биле доставени преку интернет. Ременски е кадар на техничкиот министер Оливер Спасовски. Пред извесно време Божиновски и сам преку статус на ФБ призна дека ги поседува прислушуваните разговори и докази за наводни криминаи и трансфер на пари, кои му биле доставени од некои лица, кои немаат врска со екс директорот на Агенцијаа за спречување перење пари Ване Цветанов, исто така обвинет во аферата Шпион“ објави весникот.

Вечер ексклузивно дознава дека сопругот на Фросина Ременски, Јовче е човекот кој лично му ги доставил прислушуваните разговори на хард диск.Со автомобил преку г.п Табановце влегол во Србија и имал состанок со Божиновски. Тој е последен во низата луѓе од СДСМ кои со обвинетиот шпион имал состанови, најчесто во Врање, но и во Белград. Јовче Ременски како што пишува Вечер, е познат како сопруг на техничката министерка за труд и социјална политика, кого Спасовски го унапреди за четири скалила во хиерархијата на МВР без никаков оглас и квалификации.

Според дел од материјалите до кои дојде Вечер, постојат докази и фотографии за средби на Зоран Божиновски со Зоран Заев, во една кафетерија на Нов Белград. Последната се случика во екот на објавувањето на „бомбите“на СДСМ во 2015г пишува Вечер. Извори за весникот велат дека точни се тврдењата на Божиновски дека имал политичка заштита од Социјалистичката партија на Ивица Дачиќ, кој во времето на откривање на аферата Шпион  и потоа беше министер на српската полиција и всушност како што пишува Вечер, одбил да го испорача Божиновски во Македонија.

Зоран Божиновски на социјалистите им ги предал материјалите со кои располагал во замена да не го екстрадираат. Затоа, пишува весникот, на два дена пред изборите во Србија на 22 април, тој беше уапсен и екстрадиран во земјава, кога беше јасно дека социјалистите немаат никакво влијание во полицијата и ја губат политичката моќ во владата на Србија. Вечер дознава дека во неговото апсење учествувале српската полиција и германската БНД која севклучила во случајот по сознанието дека високиот функционер од македонската полиција Јовче Ременски, лично му ги доставил прислушуваните разговори на Божиновски во Србија, и по средбите со Зоран Заев во Белград.

Имено, Зоран Божиновски имал проблем да ги отвори на својот компјутер материјалите. Изввори за Вечер наведувааат дека побарал помош некој да дојде и да му ги отвори фајловите. Во моментор кога српската полиција ја пресретнала оваа информација, испратила свои луѓе на помош и ги симнала материјалите за себе. Подоцна истите материјали,пишува весникот, се предадени на ријателската служба БНД. По увидот во истите, договорено е целата операција на неговото апсење и екстрадиција да се изведе заеднички. Весникот Вечер во досието Божиновски шишува и за неколку годишното уценување и рекетирање со лаги, конструкции и прислушувани разговори кои ги правел на познати македонски бизнисмени.

На својот фб профил објавуваше дел од нелегално прислушуваните приватни разговори на членови на раководството на ДУИ, но и на новинари и уредници на телевизиски и пишани медиуми. Според извори на Вечер во истрагата,  снимките му се дадени од лидерот на СДСМ преку неговите соработници Захир Беќири-Чауш, Зоран Верушевски и Љупчо Палевски.

Според неофицијални информации од српското МВР при претресот во неговиот стан во Нови Сад биле најдени околу две илјади снимки од нелегално прислушувани разговори на членови на раководството на ДУИ и уште петстотини разговори на истакнати членови на ВМРО-ДПМНЕ.