Џет-Сет
21. November 2017 - 15:34

Досега невидено: Ким шокираше со изгледот на свадбата кај Серена Вилијамс

На венчавката на познатата тенисерка Серена Вилијамс, меѓу многуте познати личности кои беа поканети, се најде и 38- годишната ријалити ѕвезда Ким Кардашијан.

Кардашијан за првпат се појави во издание со кое ги изненади сите. Таа конечно успеа да се облече понормално и да не предизвика шок и скандал.

Имено, таа за оваа прилика одбрала тесен долг фустан на прерамки, а на нозете носела сандали со висока потпетица, потпишани од нејзиниот сопруг.

Сепак Ким покажа дека и со наједноставната комбинација таа зрачи со сексипил.