Дополнетиот Предлог-буџет испратен до Собранието, повеќе пари за гасификација и за лекови
Владата на Република Македонија го усвои и го испрати до Собранието на понатамошна процедура дополнетиот Предлог-буџет за 2018 година.
Како што информира портпаролот на Владата Миле Бошњаковски, во дополнетиот Предлог-буџет се вградени шесте амандмани поднесени од пратениците и прифатени во амандманската расправа. Обезбедени се дополнителни средства за гасификацијата, Фондот за здравствено осигурување, за детските градини,основните и средни училишта и културните установи, Инспектоартот за животна средина.
- Обезбедени се 120 милиони денари за гасифиакцијата, 200 милиони денари за детски градинки, основни и средни училишта и културни уставно, 100 милиони денари за Фондот за здравствено осигурување за набавка на лекови и 10 милиони денари за Инспекторатот за животна средина, изјави денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски.
Средствата за овие ставки се обезбедени со реалокација на средствата во тие рамки.
Со дополнителниот предлог-буџет сумата на расходите останува непроменета на 3,43 милијарди евра.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација