Свет
9. November 2016 - 10:51

Дописник на грчки медиуми од САД изјави дека изборите се личен пораз на семејството Клинтон

За американскиот народ, семејството Клинтон се смета за корумпирано, изјави дописникот на грчките медиуми во САД Михаил Игнатиу за радиото на грчката државна новинска агенција АНА-МПА „Практорио 104,9 ФМ“.

Тој додаде дека негативно влијание имаше и контроверзноста околу личните и-мејлови на Клинтон, што претставува повреда на националната безбедност.

Игнатиу истакна дека Хилари Клинтон и нејзиниот тим не зеле предвид дека се развило движење против естаблишментот.