Донирана медицинска опрема за Детската клиника
Перфузори, инфузомати, пулсоксиметри и опрема која служи за дијагностика доби Клиниката за детски болести. Донацијата е наменета за Одделот за гастроентерохепатологија на Клиниката, во вредност од 23.000 евра, а е обезбедена со помош на семејството Момировски кое живее во Австралија.
Од семејството Момировски на предавањето на дел од донацијата на Клиниката, денеска истакнаа дека ја донираат опремата во знак на благодарност бидејќи докторите од Клиниката пред неколку години успеале да ја дијагностицираат болеста на црниот дроб на неговата ќерка Марија, на која потоа и била извршена трансплантација во странство.
Раководителот на Одделот за гастроентерохепатологија на Клиниката, Ацо Костовски рече дека станувало збор за холестатски синдром кај Марија Момировска, која на двомесечна возраст била донесена на Клиниката со жолтица, акутна хепатална слабост со тешко нарушување на коагулацијата, синтеза на фактори од црниот дроб и неразвиени жолчни патишта.
- Сеќавајќи се на она што им се случувало, тие виделе дека на Клиниката недостига опрема и организирале донаторска акција во градот во кој живеат во Австралија. Собрале пари, дојдоа тука и прашаа каква медицинска опрема ни треба, додаде Костовски.
Посочи дека дел од опремата добиле, а дел треба да пристигне.
Директорката на Клиниката за детски болести, Катерина Ставриќ се заблагодари за донацијата и истакна дека со новата опрема ќе се подобри дијагностиката и третманот на пациентите. Таа на таткото на Марија, Тони Момировски му врачи благодарница за донацијата.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација