-->
-->
Дончевски и Ибраими на „гости“ кај репрезентативците
-->
Првиот селектор на А репрезентацијата на Македонија, Андон Дончевски денеска беше присутен на тренингот на репрезентацијата во пресрет на квалификацискиот дуел против Албанија. Дончевски им посака среќа и успех на нашите фудбалери.
Поддршка на најдобариот национален тим даде и Агим Ибраими, фудбалерот на Астана кој поради повреда го пропушта дуелот во Скадар.
- Момци, пред 20 години ја победивме Албанија со 5:1, верувам дека можете и вие да дојдете до добар резултат во Скадар. Верувам во вас и очекувам да ја израдувате фудбалска Македонија со еден позитивен резултат, изјави за интернет страницата на Фудбалската федерација на Македонија Дончевски.
Македонија во Скопје ќе тренира до 3.септември, а следниот ден ќе го Официјалниот тренинг на стадионот „Лоро Боричи“, Скадар во терминот од 20:45 часот, кога се игра и натпреварот следниот ден на 5.септември.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари