Доналд Туск во посета на Македонија
Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск денеска ќе престојува во работна посета на Република Македонија.
За време на престојот, Туск ќе има тет-а-тет средба со претседателот Ѓорге Иванов, по што двајцата ќе дадат изјави за медиумите.
Како што соопшти Кабинетот на Иванов, предвиден е и работен ручек на Туск и Иванов и членовите на делегациите.
Посетата на Туск следи непосредно по одлуката на одредени земји за ограничување на влезот на бегалците, односно пропуштање само на бегалците од воените конфликти во Авганистан, Сирија и Ирак, а не и на економски мигранти од останатите земји од Блискиот Исток и Африка.
Претседателот на Европскиот совет пред Македонија ќе ги посети и Србија и Албанијa, кои исто така се главна рута на бегалците од воените конфликти.
Бегалската криза и заканите од тероризам беа причината минатата сабота претседателот Иванов да го свика Советот за безбедност.
На седницата беше заклучено АРМ и Управувачкиот комитет да ги преземат сите потребни мерки доколку се промени ситуацијата на теренот, односно во случај на можни ограничувања на протокот на мигранти во другите држави во Европа, кон кои тие се упатуваат, како крајна мерка да се преземе и поставување жичена ограда на границата.
Претходно, Иванов изјави дека во Македонија нема да се градат бегалски кампови и дека земјата има капацитет привремено да згрижи 2.000 бегалци.
Ново на Сител
-
Тошковски: Нова полициска станица во Кисела вода, за поефикасна полиција, побезбедни граѓани
-
Коалиција „Вреди“: Наши членови незаконски се задржани во полициска станица во Тетово
-
Лични документи можат да се подигнат и во среда
-
Демири: Владата ги презеде трошоците за лекувањето на Леонид Индов
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право
-
Демири најави разрешување на медицинскиот директор на Токсикологија
-
Кочанчанец за една ноќ извршил шест кривични дела
-
Почина затвореник во „Идризово“