Свет
15. December 2015 - 12:08

Доналд Трамп направи забранет потег

Комерсант - Москва

За време на претседателската изборна кампања САД стануваат место кое ја потресува не само Америка, туку и целиот свет. Фаворитот во натпреварот меѓу републиканците, Доналд Трамп, повика да се забрани влегувањето во САД на сите муслимани, кои ги нарече извор на терористичка закана.

Оваа шокантна изјава на Трамп може да го направи персона нон грата не само за Белата куќа, туку и за раководството на Републиканската партија, која се дистанцираше од скандалозниот милијардер. Неговата изјава беше решително осудена и од многумина политичари во западниот и во муслиманскиот свет.

Се поверојатното оддалечување на Трамп од републиканците ветува смена на лидерот во внатрешната републиканската трка, а на негово место може да дојде Марко Рубио. Но, рано е да се каже дека Трамп ќе ја напушти политиката - во случај на нови напади од страна на муслимани, неговиоте радикални антимуслимански идеи може и да му се допаднат на американскоот општетсво.

Доналд Трамп предложи „тотална забрана“ за сите муслимани да влегуваат во САД како одговор на обраќањето на претседателот Обама по повод атентатот од Сан Бернардино, кога владетелот на Белата куќа ја претстави својата визија за борбата на САД против меѓународниот тероризам.

Барак Обама прецизно ги бираше зборовите и повика на конфронтацијата со терористичките организации да не се гледа како на борба со исламскиот свет. Но, Доналд Трамп напротив, жестоко ги нападна муслиманите во кои ја гледа најстрашната закана за националната безбедност. Тој ги обвини следбениците на исламот за омраза против Америка и предложи радикални превентивни мерки против нови џихадистички напади: да се забрани влезот на сите муслимани во САД.

Ексцентристичниот милијардер и претходно давал шокантни изјави, но последниот коментар предизвика политички земјотрес во САД. Администрацијата на претседателот Обама, која во принцип не го коментира текот на изборната кампања, овој пат беше прунудена да го прекрши молчењето. Коментарот на Џош Ернст, прес-секретар на Белата куќа, беше крајно остар и необично емоционален за едно официјално лице.

- Од неодговорни предлози до отворени лаги, залепена коса и поведение на панаѓурски шут. Веќе ни е преку глава да го гледаме сето тоа, го опиша Ернст поведението на Трамп за време на внатрепартискиот натпревар. - Изјавата на Трамп го лишува од правото да биде претседател, изјави тој ги повика републиканците да се дистанцираат од тој политичар и да престанат да го поддржуваат. - Прашање е дали Републиканската партија ќе го преземе тој чекор или ќе биде исфрлена на буништето на историјата заедно со него, потенцира портпаролот на Белата куќа.

А лидерот во натпреварот за номинацијата кај демократите за изборите догодина, Хилари Клинтон, напиша на Твитер: „Кажете му на Трамп дека омразата не е американска вредност“.

Републиканската партија, кон чиј колективен разум апелира Џош Ернст, реагираше на зборовите на Трамп преку Пол Рајан, претседавач на Претставничкиот дом. - Нашата партија не го поддржува тој предлог. Не го поддржува ниту целата земја, изјави Рајан. Тој потсети дека муслимани „служат не само во вооружените сили и ги даваат своите животи за земјата, туку и работат во Претставничкиот дом и го бранат Уставот“.

Белата куќа впрочем не донесе никакви организациски заклучоци. Критиките против Доналд Трамп од страна на другите претенденти за највисоката позиција на изборите во 2016 година беа директно воздржани. - Не се согласувам со последниот предлог на Доналд Трамп. Неговите навики да дава провокативни изјави не помага за сплотување на Американците, изјави друг учесник во републикаснкиот натпревар, сенаторото Марко Рубио.

- За жал, Доналд Трамп претера и тоа е исто толку опасно како и недоволните напори на Обама во борбата против тероризмот, смета Карли Фиорина. Тед Круз беше уште полаконски: „Не се согласувам со предлогот“. А Џеб Буш изјави: „Предлогот на Трамп е несериозен“.

Реакците низ светот по изјавата на Доналд Трамп беа доста бурни и силно ги натфрлија рамките на несогласувањата во муслиманскиот свет.

Британскиот премиер Дејвид Камерон на пример, го нарече коментарот на Трамп „предизвик за несогласувањата, бескорисен и едноставно неправилен“. Британските медиуми соопштија дека спонтано појавено движење во земјата побарало на политичарот од САД да му се забрани влегување во Обединетото Кралство и само за еден ден собрале над 100,000 потписи.

Во меѓувреме, самиот Трамп освен што ја издржа бурата од критики без да му трепне око, даде дуга шокантна изјава. - Немаме друг избор. Кај нас живеат луѓе кој сакаат да ги рушат нашите згради, нашите градови, рече тој во интервју за програмата „Добро утро, Америка“ на телевизијата Еј-Би-Си.

- Нечуените напади на Трамп против муслиманите не се изблик на емоции, туку плод на ладнокрвност. Трамп знае дека раководството на Републиканската партија во секој момент ќе се спротивстави на неговата претседателска кандидатура, сметајќи го за многу радикален. Затоа денес игра на коцка - сфатил дека нема што да изгуби, се мачи да се докопа до некоја шанса зборувајќи нешта кои ќе им се допаднат на дел од избирачите, објасни за „Комерсант“, Фјодор Војтоловски, заменик директор на Институтот за светска економија и меѓународни односи при Руската академија на науките.

Според овој експерт, последните напади на Доналд Трамп ги зголемуваат шансите за републиканска номинација на Марко Рубио, кој не е толку радикален како Трамп или Бен Карсон, а истовремено не изгледа толку безличен како Џеб Буш, кој на почетокот се сметаше за фаворит во натпреварот меѓу републиканците.

Но, рано е да ги квалификуваме зборовите на Трамп за политичко самоубиство. - Трамп може да добие шанса ако Америка повторно биде нападната и тоа во општеството да предизвика барања за порадикални чекори, смета Војтоловски.