Свет
22. January 2017 - 10:22

Доналд Трамп : Јас сум илјада отсто со вас разузнавачите

Американскиот претседател Доналд Трамп , изјави дека „ги сака и ги почитува„ разузнавачите и разузнавачките агенции на САД „како што тоа досега никој не го правел„.

- Јас сум илјада отсто со вас, од разузнавачката заедница и од ЦИА- рекол Трамп во  текот на својата посета на седиштето на Централната американска разузнавачка агенција, во Ленгли, на неговиот прв работен ден како претседател, јавуваат американските медиуми.

Во разговорот со разузнавачите , претседателот Трамп порачал дека „ние (САД) одново ке почнеме да победуваме„ , како и дека разузнавачките агенции ке бидат „предводници на промените„.

Тој рекол дека џихадистичката Исламска држава (ИД) и радикалниот исламски тероризам ќе мора да се избришат од лицето на Земјата.

Според медиумите во САД, престојот во ЦИА во текот на првиот работен ден во Белата куќа, претставува обид на претседателот Трамп да ги поправи своите односи со целата заедница на американските разузнавачки служби.

Посетата и дадените ветувања дека разузнавачите ќе ја имаат од него најголемата досега подршка, доаѓа по период на неколку неделните остри критики на Трамп кон целото разузнавање, а посебно кон ЦИА, поради наодите на тајните служби дека Русија настојувала , со хакирањето, да влијае врз избирните резултати на американските избори, помагајќи ја кампањата на Трамп.

Во една од своите поранешни изјави, Трамп го обвини директорот на ЦИА Џон Бренан,  дека „дистрибуира лажни вести„.

Американските медиуми откриваат дека во текот на посетата на Ленгли, што се наоѓа близу до Вашингтон, разузнавачките функционери го известиле претседателот Трамп за текот на истрагата околу наодите за хакирањето на седиштето на Демократската партија, во текот на изборната кампања.

Претходно, директорот на ЦИА , како и директорот на Националното разузнавање, Џејмс Клапер го предупреуваа, тогаш избраниот претседател, дека изјавите што ги дава и дисквалификациите што ги упатува кон разузнавачкиот сектор, им наштетуваат на интересите на државата.