Македонија
8. August 2016 - 19:06

Донација од Асоцијацијата на здруженија на превозници Исток

Асоцијацијата на здруженија на превозници Исток апелира до превозниците во цела Македонија и ги повикува да се вклучат во хуманитарните акции за помош на жителите на поплавените подрачја во Скопје.

- Асоцијацијата Исток, како долгогодишен учесник во хуманитарни акции,  и овојпат се вклучи во акцијата за помош на семејствата од поплавените подрачја и донираше 10.500 литри вода за пиење. Исто така, Асоцијацијата Исток стави на располагање возило коешто активно ќе сообраќа на релација Плоштад – Стајковци и обратно и ќе врши превоз на доброволците кои учествуваат во расчистување на поплавеното подрачје, изјави Горан Трпковски, претседател на Асоцијација Исток, кој во име на превозниците упати сочувство до семејствата на настраданите.