Македонија
27. July 2017 - 16:48

Домашните произведители на оружје бараат еднаков третман и транспарентност

Еднаков третман, поголема транспарентност, недискриминација и дијалог со Владата, бараат домашните компании што произведуваат оружје.

Тие ова денеска и го предочија на министерката за одбрана Радмила Шекеринска на средбата што ја организараше Групацијата  за оружје и опрема која обединува фирми кои се занимаваат со производство на оружје и опрема, сервис и трговија во Стопанската комора на Македонија. 

Како што соопшти Министерството за одбрана, Шекеринска нагласи дека компетентноста на домашните компании воопшто не треба да се занемарува. Вети дека ќе се заложи во иднина да бидат целосно и навремено информирани во однос на постапките за набавки за потребите на МО од нивната сфера и појасни дека планот за Јавни набавки на МО ќе им биде достапен и јавен.