Бизнис
30. November 2017 - 19:48

Домашните компании имаат потенцијал, немаат желба за соработка со компаниите во зоните

Домашните компании немаат ниту амбиции ниту визија за соработка со странските инвеститори. Имаат потенцијал но немаат желба.

Доволно им е тоа што го работат на  домашниот пазар и кога ќе дојде странски инвеститор  не гледаат на него како можност за заработка.

Ова се главните причини за слабата соработка помеѓу нив  и македонските фирми. Уште еден проблем со кои  се соочуваат СДИ е неможноста да дојдат до кадар за работа- кај невработените нема  интерес за да се обучуваат за да станат дел од тимот на некој странски инвеститор.

Само еден процент од странските фирми кои добиваат државна помош соработуваат со македонски компании.

Најчесто од домашните фирми ги користат кетеринг службите, обезбедување , сервис за чистење и струја.

Од владата најавија дека во декември ќе биде објавена програмата за економски раст со кога главно ќе се помагаа странските инвеститори ки ќе даваат повисоки плати и ќе соработуваат со домашни фирми.