Македонија
18. јуни 2017 - 13:34

ДОМ: Проблемот со депониите треба да се решава

Демократската обнова на Македонија денеска преку соопштение порача дека проблемот со депониите треба да се решава, а не да служи за маркетинг.

Во соопштението, ДОМ наведува дека постојат план и физибилити студии за целосно решавање на отпадот во Македонија и за затворање и ремедијација на дивите депонии, но оти немало политичка волја сето тоа да се реализира.

-  Ние ќе продолжиме да инсистираме на современ третман на отпадот по принципот нула-отпад, кој е повторно во нашите зелени приоритети. Но, овојпат со доза на зголемен оптимизам, особено по брзото и ефикасно реагирање на Владата во нејзините први две недели од изборот. Проблемите со отпадот се уште еден силен аргумент, покрај многубројните други, да не се кочи комплетирањето на новата Влада и нормалното функционирање на институциите, се вели во соопштението.

Според ДОМ, во 2014 година направена е грешка кога биле поништени два тендера за концесии за регионални депонии во Југоисточниот и Полошкиот регион.