Долниот дом на чешкиот Парламент го изгласа Предлог-законот за забрана на пушење во угостителските објекти
Чешките пратеници денеска го изгласаа Предлог-законот за забрана на пушење и ќе биде разгледуван од Горниот дом - Сенатот, јави дописникот на МИА од Прага.
Чешкиот премиер Бохуслав Соботка изјавувајќи дека очекува „бурна" дебата од сенаторите, го оцени денешното прифаќање на Предлог - законот во Парламентот како победа на заштитата на здравјето на луѓето над комерцијалните интереси, додавајќи дека на тој начин Чешка се вбројува во цивилизираните земји.
Министерот за здравство Милослав Лудвик рече дека очекува да преовлада „здравиот разум" и кај сенторите и дека ќе го донесат Законот за забрана за пушење.
Предлог-законот беше разгледуван од Парламентот и пред две години, но тогаш не беше прифатен од мнозинството пратеници. Законот предвидува забрана за пушење во чешките угостителски објекти од крајот на мај идната година, со исклучок на наргиле и електронските цигари.
Досега во рестораните во Чешка се дозволуваше пушење во посебен дел од објектот, кој не беше физички одделен како посебна просторија.
Ново на Сител
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница