Македонија
2. December 2016 - 19:31

Доколку ВМРО-ДПМНЕ не освои мнозинство од 63 пратеници ќе се отвори вратата за разни комбинации

Доколку ВМРО-ДПМНЕ не освои мнозинство од 63 пратеници ќе се отвори вратата за разни комбинации во кои на маса ќе се најдат македонските национални интереси, велат експертите.
Според нив, Заев направи опасен преседан и отвори прашања кои до сега не биле тема на разговор како воведување на двојазичност на целата територија и проширување на рамковниот договор

Според Голубовски, доколку ВМРО-ДПМНЕ не освои 63 пратеници СДСМ очекува со своето однесување кон Албанците да ги натера албанските политички партии за коалиција со Груевски да постават нереални и неприфатливи услови кои владејачката партија однапред се знае дека ќе ги одбие. Тука, според него, СДСМ ја гледа својата шанса преку формирање на некаква широка коалиција да везе во власта. Таквата коалиција, според него, ќе има единствена задача да го смени името на Македонија и затоа, тој смета дека за зачувување на уставното име, неопходно е ВМРО-ДПМНЕ да освои 63 пратеници што би значело дека никој нема да може да го условува Груевски при формирањето Влада.

Во СДСМ не кријат дека токму тоа е нивната стратегија и отворено зборуваат за промена на името

Ваквото однесување не е ништо ново во политичкиот репертоар на СДСМ, велат експертите. Тие потсетуваат дека слична понуда за промена на името даде и Шеќеринска на изборите во 2008 по што граѓаните и го испорачаа најголемиот пораз во македонската политичка историја

За разлика од опозицијата која и во својата предизборна програма предвидува воведување на двојазичност уште од градинка. Во програмата Реално на ВМРО-ДПМНЕ на 293тата страница стои дека новата влада нема да профати промена на Уставот ниту било какви идеи и предлози кои ќе го загрозат националниот идентитет.