Џет-Сет
2. August 2015 - 14:45

Доколку Трамп победи, поранешна словенечка манекенка, Меланија, може да стане прва дама на САД

Медиумите во светот се полни со вести за 69-годишниот Доналд Трамп, ексцентричниот американски магнат, кој сака да стане нов претседател на САД, но малку се знае за неговата сопруга, Словенката Меланија Трамп, пишува познатиот американски сајт „Политико“, цитиран од белградскиот весник „Блиц“.

„Политико“ оваа 45-годишна жена ја нарекува „тихиот Трамп“ и се прашува каде е таа сега, додека нејзиниот сопруг се бори за што подобар предизборен рејтинг.

Поранешната манекенка Меланија е родена во словенечкото градче Севница. Завршила универзитет во Љубљана и на 16 години првпат се качила на модниот подиум. Работела како манекенка во Европа, пред во 1996 година да се пресели во Њујорк. Таму, на крајот на 90-тите години од минатито век, се запознала Трамп.

Нивната врска привлекувала големо внимание во медиумите по излегувањето на новото реалити шоу на Трамп, кое финансиски го спаси од третиот од вкупно четирите досегашни банкрота.

Меланија за Трамп се ожени во 2005 година и сега е мајка на деветодишниот Барен - петото дете на милијардерот. Позната е со тоа дека си купува облека на познати дизајнери. Има насловна страница на „Вог“ со својот свадбен фустан, што ја чинел 200.000 долари и бил изработен од Џон Галијано и Кристијан Диор.

Во неколку интервјуа во последните три години Меланија Трамп објаснуваше дека е „вработена мајка“, но „Политико“ забележува дека ако се суди според нејзиниот профил на Твитер, тоа не се забележува.

На фотографиите на социјалната мрежа таа редовно го покажува својот раскошен живот, што доста се разликува од животот на мнозинството Американци, кои нејзиниот маж сака да гио предводи.

Таа често може да се види на фотографии од приватниот „Боинг 757“, што Трамп сега го користи во својата предизборна кампања, од приватниот хеликоптер, од луксузниот апартман на покривот на њујоршкиот „Трамп тауер“ и на имотот во Палм бич, што, исто така, му припаѓа на Трамп.

Насмевката и изгледа искрена, освен на фотографиите на кои е со својот сопруг.

И додека нејзиниот сопруг не ја затвора устата, навредувајќи ги своите соперници и зборувајќи што ќе му падне на ум, Меланија не се појавува во неговата кампања. Барем засега, забележува американското издание.