Свет
9. March 2016 - 8:51

Доколку има потреба САД поготвени за нови удари врз ИД во Либија

САД се поготвени во случај на потреба да извршат напади врз Исламска држава во Либија, изјави портпаролот на Белата куќа Џош Арнест.

Изјавата беше коментар на текст во Њујорк тајмс дека Пантагон има план да ја ослаби ИД во Либија со воздушни удари.

Тој додаде дека во изминатите неколку месеци американски војници извршиле големи напади врз позиции на ИД во Либија и нагласи дека ако се појават нови цели таму важни за националната безбедност на САД, претседателот „нема да се поколеба да нареди нивно уништување“.

Портпаролот на Пентагон, Питер Кук негираше во меѓувреме тврдења на американски медиуми дека е зголемена бројноста на припадниците на ИД во Либија. Според него, бројот е околу 5.000.